Катарина Јовчевска

Биографија на Катарина Јовчевска

   Катарина Јовчевска е родена на 23.03.1977 година во Малме, Шведска.
Основно и средно економско училиште завршила во Куманово.
   Пишува од својата 12 годишна возраст, нејзините песни се објавувани во списанијата: "Млад Борец"-Еко глас,"МакТин","Хороскоп","Воспитни крстопати","Мугри" и др. Освен поезија пишува и проза, секаков вид текстови за музика и др.
   Член е на Друштвото за наука, култура и уметност "Браќа Миладиновци" од Струга. Во 1999 година ги издаде нејзините две збирки поезија: "Воздишки и мечти" и "Во двобој со желбите". Од 1998 до 2000 година е учесник на Карамановите поетски средби додека 2001 г. на Гоцевите денови во с.Подгорци, Струшко. Работи како дописник за списанието "Млад Борец", "Студентски збор" и други весници.
   Член е на здружението на новинарите во Куманово. Учествува и на музички фестивали со свои текстови. За детскиот фестивал "Распеано детство" досега има снимено 4 песни.
e-mail: kjovcevska@yahoo.com

И ДА ВИДИМ САМО...

                               Да заспим усхићен песме
                               мог новог рођења
                               и да видим само где ме пут још чека
                               моје спасење
                               нетакнуто од века
                               у   заносном часу да ме све подсећа
                               на   све  љубави моје
                               узрок дела благослова
                               и да живим опет
                               у нечијем оку
                               у нечијем смеху, сузи, усхићењу...

                              ЗАУСТАВИ ВРЕМЕ

                              Заустави време  ужурбане среће
                              и ослони се на мене
                              у бујици дана најпре ти медена
                              дочепај се даха милости и зара
                              трагом усхићења, вртоглавог хтења...

                               ЖУДИМ ДА ТЕ ЉУБИМ
 

                                                              Задрхташе снове у пазухе моје
                               у незнајној ноћи у чије ли очи
                               прохујаше сумње у суморној самоћи
                               и чија је нада узрок наших јада?

                               Жудим да те љубим
                               у том величанству
                               стрепи срце хладно ал воли лагано
                               и да једрим сјајом
                               у твом осећању
                               све док  заспим у будућем тајанству.

ПАМТИШ ЛИ?

Милује ме туга, глас очаја отелотворен у ноћи поклања ми бледо сећање твог лика.
Нема песме у којој није љубав преплављена реци а ти си саздање истине јачи од заборава.
Памтиш ли пољупце у трави, ветар у коси, мирис пролетње ноћи...?
Све су то давна  времена изгубљена магијом наше маште. А све живи у мени.

ТИ СИ НЕСХВАТЉИВА ПОЕМА

Познајеш  ли оне стихове што бледу као грст илузија кроз време, како је протекла тишина кроз тихи ветар меланхолија.
Нисам те препознала у савршенству заједничке среће а била сам тужна, тужнија од кише што познаје тужне пролазнике.
Ти си несхватљива поема у којој је и стих корачао умишљено и себи сам досадио.
Задржи ноћ као дар универзума нек те романтика припреми на двобој ти и моја бесмртна душа!

* * *

На шта те све потсећа ова васељена
    као да смо црви у кутији цвећа
    тај ритам живота  многих идиота
    у ова три вида: човека, робота и скота.

   КАД ПЕСНИК ВОЛИ

   Кад песник воли
  пуне су му очи
  опијен истином владајућих речи
  да сву ту праву љубав у песму претвори
  макар чезнуо до смрти
  да га све то боли.

  И сам као странац
  у безличној ноћи
  зажуборе снови  ко пролазна плима
  док од љубави гори
  непомичан ко стена
  као горда силуета
  у блато успомена
  трпи све ударце
  једног сањарења.

Во име на вредноста

Еден редок блик и восхит за чудата
да не гасне во име на глупоста
по свената тишина со безимени имиња
но знајни за секого, а пак ништо не значат
во име на вредноста што чекори без врска
во потрага по нежноста човечка до
сопствен заборав во душата
тој жар што го носи, а сепак го коси
и во сиот лавиринт тој е упорен алпинист
до врвот што чекори со бесправни прекори.

Таму кај што нежноста запира

Таму кај што нежноста запира
од пламени чувства
и се тивко станува суша
како болна чемерика на душата
и нашата среќа заборавот ја чува
сиот длабок занес останува тука
и ѕвездата моја во далечни јата
ја брише таа љубов за душата страдна.
И со една воздишка за љубовта
чија тежина ми ја распарчува душата
како во крваво востание
чувствата соголени бараат една размисла
а ние клети од памтивека
со рани воспалени и лузни недогледни
се наоѓаме во преграб на надежта.

Наслаги од романси

Наслаги од романси

и тишина занемена
од љубов боженствена
мој Леонор
ќе те возвеличам и тебе
ко секоја излишна песна
со безвременска историја
ко волшебник на сите деноноќија
те впивам
со толкава димензија
и чудесни кликтежи
на моето полудено перо
кои извираат втемелени
од сите мои предели...

Скалила од ѕвездите

Жега по среќа со тажна суета
се понапред бега еден дел од мене
од немири што пленат до паметење
вистината можна да ја дочекаме
И трае безимено, подивено
сиот свет се движи, а јас вкочанет
подолу контебе беснее невреме
матна виделина од искушение.
А секој има свое прибежиште
свој правец да се пронајде себеси
и знај чудесно е тоа трагање
што ни постила скалила до ѕвездите

Воздишки и мечти

   Во "Воздишки и мечти" ја опејува тишината, мракот, тагата, родниот град, а над се преовладува љубовта. Катарина Јовчевска, од првата до последната песна во оваа книга, успешно преовладува над хронолошкиот пристап кон градењето на песната во форма на збир на поетски здив. Ни нуди лирска обоеност и проѕирна руба на песната. Мајсторски не воведува во светот во кој самата припаѓа и црпи мотиви и воздички.

Воздишки меѓу ѕвездите

Втората книга "Во двобој со желбите", ни открива дека е поет кој поезијата не ја сваќа како кабинетско творење на песната, туку да се задоволат внатрешните исконски потреби кои на зборот и мислата им даваат симболика и завет. Јовчевска, универзалното успешно го преточува во една целина, составена од безброј воздишки, мотиви, потреби, желби... Во потрага по друг вид и форма на поетско творење, Катарина Јовчевска, како и ред други наши поети, по стапките на Франце Прешерн, ни нуди мошне успешен и целосно изграден Сонетен Венец, литературна форма која навистина сака посериозен пристап и познавање на градбата на венецот, од кого како посебна рожба и целина се одделува магистралот. Таа силно го крева гласот, и пее против војната, против сето она зло со кое се соочуваме. Таа нуди надеж и светол ден. Можеби највпечатливо е пеењето на Јовчевска во машки род еднина, заради што заслужува посебно внимание и восхит.
   Да се чита поезијата на Катарина Јовчевска, значи, да се биде сопатник на песна која испушта воздишки меѓу ѕвездите.

Миладин Угреновиќ